Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) барем една земја од процесот на проширување ќе стигне до „финишот“.
Кос во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент рече дека расположението за проширување сега е видливо попозитивно отколку во изминатите години.
„За прв пат по десет години имаме реална перспектива дека за време на овој мандат можеме да донесеме барем една, според мене, уште две или три земји до финишот“, рече Кос.
Таа призна дека руската агресија врз Украина отворила можност за натамошно проширување, но подвлече дека нема пречки во процесот на членство.
„Нема да има политички „попусти“. Процесот на проширување останува заснован на заслуги“, подвлече еврокомесарката. Таа оцени дека во овој момент има двајца лидери во пристапниот процес и, според неа, тоа се Црна Гора и Албанија.