Доставени предлог-измени на законодавството за јавни набавки, кои ќе се одржат на дневен ред на пленарна седница

Законот за јавни набавки кој претходно беше повлечен веќе е доставен по редовна постапка во Собранието.

Предглагачите на законот меѓу кои е пратеникот Бојан Стојаноски за Канал 5 уверува дека се направени суштински промени при повторното поднесување на законот, но вели дека не се откажуваат од укинување на управната контрола и нејзина замена со административна проверка, ниту од разрешувањето на членовите на Државната комисија за жалби и дека за ваквиот став ја известиле и Делегацијата на ЕУ и антикорупциска.

„При досегашната управна контрола проверката се врши пост фестум, односно откако ќе заврши постапката. Тука видовме дека во изминатиот период се правале многу злоупотреби за што како што можеме да видиме Обвинителството излегува со сопштенија. Така најчесто сме се доведувале во ситуација да некои постапки намерно биле задоцнувани за да им се дозволува да имаат јавни набавки во четири очи како итни јавни набавки.Затоа сметаме дека административната шрпверка треба да биде пред започнување на постапката“, Бојан Стојаноски, пратеник и еден од предлагачите на законот.

По консултациите од делагацијата на ЕУ за Канал 5 велат дека со со внимание ги следат случувањата околу законските измени, но за разлика од претходно веќе админитративната контрола не ја наведуваат како проблематична.

Во меѓувреме како што тврдат предлагачите прифатен е и амнадманот на опозициската СДСМ за објавување на мислењата за доделување на државните тендери на веб страната Бирото за јавни набавки, за поголема транспаретнсот.

Предлог законските измени на Законот за административна постапка во второ читање пред пратениците ќе бидат ставен на пеленарната седница закажана за в четврток 16-ти јануари, а предлагачите се надеваат на поддршка и од опозицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*