Апелациониот судија Енвер Беџети кој пред повеќе од еден месец се најде на американската „црна листа“ поради вмешаност во значителна корупција,откако ги искористи деновите од годишниот одмор си се вратил на редовните работни обврски и продолжува да дели правда во Македонија.
Од скопска Апелација велат неговиот статус е непроменет и дека тој суди прекрошочни предмети согласно годишниот план за 2025 година. Според информации на Канал 5 за него во Судскиот совет се водат неколку постапки, но за ова нема ниту официјална потврда, ниту се знае за што се однесуваат.
Но, доколку станува збор за неразумно долгото чување во фиока на предметот „Таргет-Тврдина“, според новинарот Васко Маглешов Судскиот совет би бил со врзани раце бидејќи за ова мнозинството членови претходно веќе го спасија од разрешување и единствено го казнија со намалување на платата од 20% во траење од 6 месеци.
Според Маглешов најдоброто решение би било Беџети самиот да се повлече и да си поднесе оставка.
„Очекувам дека можеби притисокот од јавноста и притисокот кој се уште постои може да го премисли судијата и тој да поднесе оставка во наредните месеци, иако тоа познавајќи ја судиската култура кај нас искрено би било и за изненадување да се случи“, изјави Васко Маглешов – Новинар.
Од обвинителството велат дека веќе се преземаат дејствија за кои не може да се изнесуваат детали поради тајноста на постпаката, а исто така наведуваат дека се проверуваат сите аспекти и за можноста за трговија со влијание, но и за потпкуп, по што ќе биде донесена соодетна одлука.