Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.
Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, крак Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Tетово – Попова Шапка, на планиските премини Плетвар, Пресека, Ѓавато и Струмица – Берово.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.