Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во врска со интерпелацијата на Даути, денеска изјави дека имаат забелешки за нејзината работа, но оти не поддржуваат иницијатива од Левица.
„Потврдувам дека Илире Даути беше претседател на комисијата и ќе остане претседател на таа комисија. Можеби имаме многу забелешки за Даути, но кога има иницијатива од Левица ние сме против и затоа ќе ја поддржиме“, рече Меџити одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Гостивар.
Во однос на последните интерпелации на министрите што не беа изгласани во петокот, Меџити кажа дека се најлошите или најнеизгласаните во историјата на Собранието.
“Да поднесеш иницијатива за интерпелации и на крај да гласаат само тројца пратеници, тоа покажува дека имаме поддршка и внатре во Европскиот фронт па дури и внатре во ДУИ и многу луѓе таму мислат како нас и имаат отворена врата да се приклучат кон Влен”, изјави Меџити по посетата на Гостивар одговарајќи на новинарски прашања.