Во одговор на вчерашната реакција на македонското МНР, кое изјавите на лидерот на националистичката „Преродба“ за припојување на Македонија кон Бугарија, ги нарече непримерни и со јасни територијални претензии, Костадинов на фејсбук статус денеска отиде чекор понатаму. Македонскиот премиер го советува што да прави за време на посетата на Вашингтон.
“Го советувам македонскиот премиер, кога ќе оди на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон следната недела, лично да му го каже истото во однос на претензиите на САД кон Канада и Панамскиот канал. Освен тоа, очекувам македонското МНР да ја осуди изјавата на Трамп како „неконзистентна со духот и времето во кое живееме”, пишува Костадинов на фејсбук.