Министрите Тошковски, Исени, Стоилковиќ и Меџити утре пред пратениците треба да ги дадат своите аргументи за нивната работа по поднесените интерпелации од страна ДУИ.
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ кого го обвинуваат дека одработува за друга држава, за Сител вели дека ова е уште еден чекор од планираната дестабилизација на ДУИ – на етничка основа да предизвикаат проблеми во државата. Не очекува неговото работење да падне пред собранискиот тест.
На иста линија е и вицепремиерот Меџити – интерпелацијата против него е само обид за дестабилизација и да се избегне од одговорност. И министерот за внатрешни е дециден дека интерпелацијата е обид за дефокус на јавноста кога се интензивира борбата против криминалот и корупцијата.
Интегративците кои ги иницираат интепелациите го обвинуваат Стоилковиќ за поткопувањето на интегритетот и независноста на Македонија. А интепелацијата за Меџити била да го спасат од ризикот да станел олицетворение на политиките на Стоилковиќ.