“Сите се откажаа и извинија за Артан Груби, само СДСМ не се извини затоа што со години му дозволија да краде”, порача денеска пратениот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
“И ДУИ и Тетовскиот универзитет, сите се дистанцираат од криминалецот и бегалецот Артан Груби, сите освен СДСМ. СДСМ покрај ДУИ се најмногу виновни зошто на Македонија воопшто ѝ се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против него или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа”, рече Петрушевски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема амнестија за СДСМ во случајот Груби, од првиот ден знаеле што прави, додаде тој.
“СДСМ доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини што го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле. Всушност, заради вакви како Груби и многу други од нивните редови, СДСМ и ДУИ ги протуркаа измените во Кривичниот законик. Спасија голем број криминалци, но очигледно, за среќа на државата и сите нас, не можеле да ги спасат сите”, рече пратеникот Петрушевски.