Министерот за животна средина Изет Меџити во четвртокот рече дека иако се работи според акцискиот план кој содржи краткорочни мерки против аерозагадувањето, општеството треба уште повеќе да се вклучи во долгорочниот пристап, односно да се спречат причините наместо последиците.
Долгорочните мерки се фокусираат на промена на методите за греење.
„Домаќинствата и индустриите користат секакви средства за греење. Затоа, проблеми има во зима, а не во лето. Главна иницијатива ќе бидеме ние веднаш, што поскоро, да започнеме постапка за секундарна гасификација на целата држава, особено во урбаните средини“, изјави тој.