СДСМ вели дека е лажно расчистувањето на Христовски, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ демантира дека директорот на АНБ, Бојан Христовски добил НАТО сертификат. Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ова е намерна манипулација за да се одбегнат одговорите на суштинските прашања а тоа е дали Христовски воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција.

“Прво, проверките за издавање на безбедносни сертификати ги вршат исклучиво домашните безбедносни институции, а тоа се АНБ и МВР. Постапката е јасно дефинирана: институцијата каде што работи лицето доставува барање до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, по што се спроведуваат потребните проверки. А тие проверки за цивилни лица ги спроведуваат АНБ и МВР а не НАТО.

Значи во случајот со Бојан Христовски, токму АНБ каде што тој е именуван за диркетор поднела барање и токму АНБ спровела безбедноста проверка на својот директор. Ова ја открива целата манипулација на власта”, рече Кузеска на прес-конференција.

Во одговорот, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не нашла причина да поведе постапка за случајот, додавајќи дека Христовски има одобрение според сите стандарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*