Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.