Премиерот вели дека би било добро да има политичка влада во Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да коментира за процесот на преговори околу формирањето нова влада во Бугарија, но оцени дека би било добро Софија да добие стабилна политичка влада.

Добро е да имаме соседи кои што имаат стабилна политичка влада. Ако е состојбата таму таква, јас не би сакал да давам коментари и да се мешам во внатрешните работи на друга држава, исто како што не сакам ни мене да ми се мешаат во внатрешните работи на мојата земја.

Им посакувам да се надминат разликите и да се формира политичка влада, изјави Мицкоски на новинарско прашање по свечената божествена литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*