Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затоплување.
„За да се случи тоа потребно е да се изградат гасни централи, а ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од инвеститорите е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време најмалку 2до 3 години додека профункционира, а за да се изградат топловоди можеби и 5 до 6 години“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека одговорот го дава како инжинер.
Премиерот изрази жалење што досега ништо во таа насока не било направено, додавајќи дека сега политички глодари се обидуваат на нивен глодарски начин да собираат поени, но нема да успеат.
Исто така во вторникот, ВЛЕН ја критикуваше ДУИ за истото прашање.
„Загадениот воздух и уништената животна средина се резултат на одговорноста на поранешната влада, која го третираше Министерството за животна средина како ирелевантна институција“, велат од коалицијата.
И во вторник Скопје беше меѓу најзагадените градови на глобално ниво.