Ако се докажат тврдењата, Дранго ќе биде отфрлен, вели премиерот Мицкоски

Заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго ќе биде разрешен ако се докаже дека ја убил мечката со која што беше фотографиран, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Вели дека не планира никого да амнестира, но ќе ги почека доказите. А доколку тврдењата за случајот се покажат како точни, одговорност за Дранго ќе има, изјави премиерот.

“Се разбира дека доколку се потврдат овие тврдења ќе барам одговорност. Ќе биде под итно разрешен доколку се потврдат тврдењата. Апсолутно таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту пак имам намера да ги амнестирам”, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*