Телма: Нови мистерии и сомнежи во случајот ДКСК-Христовски

Телма објави дека има нови мистерии и сомнежи кога станува збор за одлучувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за случајот со директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски.

Случајот не беше отворен како корупциски, туку како конфликт на интереси. Во таа форма стигна до рацете на членката на ДКСК Цвета Ристовска, која претходно предавала на Економскиот факултет на скопскиот универзитет Кога ги отвора предметите врз основа на претставки, пријави или гласини, ДКСК ги дели случаите во три кластери: корупција, конфликт на интереси, или декларација на имот.

Случаите во кои дипломи, уверенија, исполнување на критериуми за позиција претходно се сметаа за корупциски, но во предметот Христовски, во кој имаше слична претставка, документите беа ставени во кластерот за конфликт на интереси.

Друг сомнеж е дека одлуката на ДКСК ја потпишале нејзината претседателка Татјана Димитровска и Ристовска како таа што ја одобрила одлуката. Нема информации за тоа кој го одобрил и контролирал документот.

На истата седница беа донесени и други одлуки на Ристовска, но во нив се предвидени три потписи, а не само еден, како што е случајот со Христовски. Одлуката не вклучува објаснување зошто е избран единствен модел на одлучување.

Најголемата мистерија е поврзана со Пазарниот инспекторат. Според документот, ДКСК побарала увид во дипломата Христовски на 6 декември, а извештајот го добила две недели потоа, на 20 декември.

Но, увидот веќе бил „нарачан“ и направен претходниот ден, според решението на ДКСК, во кое се вели дека тоа се случило на 5 декември, односно еден ден пред органот воопшто да побара увид.

Одлуката не се однесува ниту на барањето на Ристовска да биде изземена, иако Деловникот вели дека тоа барање мора да биде дел од документите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*