Сашо Дранго негира дека убил мечка

Иако на фотографијата јасно се гледа дека заменик директорот носи и пушка со снајперски дурбин и стои покрај мртва мечка, во снег, среде шума, тој негира дека ја убил. Вели дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа.

Потенцираше дека решавање на случајот ќе бара преку судски процес. Тој сподели дека во лов на мечки бил во Финска од каде има фотографии со мечки.

„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста ротино-битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Сашо Дранго, заменик директор на Македонија пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*