Кој ќе седне на претседателското столче во Судскиот совет е неизвесно. Добро упатени извори за Канал 5 ја исклучуваат опцијата тоа да биде некој од редот на правниците со оглед на тоа дека им се заканува разрешување, затоа најверојатно ќе се оди на кандидат од редот на судиите, а најсериозни се шпекулациите за судијката Данка Ристова од штипска Апелација.
Таа пред еден месец беше избрана за член на Советот и покрај прозивките на опозициските партии за партизација бидејќи е сопруга на градоначалникот на Радовиш.
Се споменуваше и името на судијата Александар Камбовски како можен претседател, но тој ја одбил понудата.