Тосковски повика службениците да ги опоменуваат, а не да ги казнуваат граѓаните со возачки дозволи со претходно уставно име

Со оглед на тоа што возачките дозволи со претходното уставно име и табличките на кои пишува „МК“ повеќе не важат од 1 јануари, министерот за внатрешни работи Панче Тосковски ги повика службениците да не ги казнуваат граѓаните, односно да ги земат предвид одредбите за предупредувања и укажувања.

„Верувам дека ниту еден службеник не смее да казнува за такви прекршоци бидејќи македонските граѓани треба да платат казна затоа што во минатото сме имале некомпетентни политичари. Овој период треба да има превентивно делување на полицијата за да се усогласиме со законот“, истакна тој.

Министерот ги демантираше и некои медиумски написи дека и личните карти повеќе нема да важат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*