Обвинителството соопшти дека по Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ е распишана меѓународна потреница во рамките на истрагата Адитив. Ковачевски од судот доби 8-дневен притвор, определен во отсуство.
Ковачевски е поранешен директор на ЕСМ опфатен со истрагата за злоупотребите со набавка на адитиви за термоцентралите РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.
Пред да биде отворена истрагата на 10-ти декември, тој не беше во државата. Заминал на крајот на август во Грција, но полицијата не успеа да ло лоцира и дури во петокот го извести судот дека Ковачевски не е во државата.
Со истрагата се осомничени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.