Кривичниот суд во Скопје одлучи да не определи мерки на претпазливост против поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот „Адитив“.
“Судијата на претходна постапка може да постапи и да донесе решение за прифаќање на предлог мерки против осомничено лице и кога нема дадено изјава, само доколку е побарана мерка притвор, а не кога се бараат само мерки на претпазливост”, објаснуваат од Кривичниот суд.
Министерот за внатрешни работи Панче Тосковски во петокот изјави дека е прилично изненаден од ваквата одлука на Кривичниот суд.
„Навистина сум изненаден како обвинителот не побара мерки против осомничено лице кое останува недостапно за органите на обвинителството, или во овој случај, поранешен управител на државна институција осомничен за финансиски криминал тежок над 6,5 милиони евра“, рече Тосковски.
Во меѓувреме, Јавното обвинителство (ОЈО) излезе со реакција на изјавата на Тошковски.
„ОЈО до овој момент нема добиено известување дека осомничениот не е достапен за органите на обвинителството. Во моментот кога ќе добиеме такво известување, обвинителите ќе постапат и ќе побараат мерки“, реагираат од ОЈО.