Лидерот на ДУИ Али Ахмети во изјава за медиумите во Косово рече дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби не побегнал од Северна Македонија.
„Не сум контактирал со Груби. Информиран сум дека се наоѓа некаде во албанската област. Ќе се врати и ќе се соочи со органите на правдата, но не и со органите на „одмаздничката правда“, рече Ахмети.
Тој ги повтори своите позиции дека судството во Северна Македонија мора да помине процес на проверка што ќе ги открие, како што вели, политичките активности во судството, како и потеклото на имотот на судиите и обвинителите.