Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Снег паѓа во Ресен и Крушево и на планискиот премин Плетвар кој во мометотов не се задржува на коловозот.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.