Претседателката Силјановска Давкова го одржа првото годишно обраќање во Собранието

“Време е за храбар ЕУ исчекор, по приморот на оној од 2004 година што ќе значи реинтеграција на регионот во ЕУ. Нашиот предлог се уставни измени со одложено дејство”.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова најголем дел од својот говор го посевти на евроинтеграциите и надворешната политика. Претседателката смета дека се неопоходни реформи во самата Унија, а побара од Бугарија да ги почитува и одлуките на Судот за човекови права за правата на Македонцитте таму.

Со премиерот Мицкоски и министерот Муцунски рече дека настапуваат како хармонично трио. Но, за посилна преговарачка позиција повика на конзенсуз и со опозицијата.

Она што го побара од Владата е борба против корупцијата и организираниот криминал, но и силни реформи во правосудството. Претседателката најави и реформи во помилувањето за тоа да биде корекција на правото со правда и етика.

Осврнувајќи се на правостсвото и владеењето на правото Сиљановска порача дека се потребни забрзани и длабоки реформи во правосудните органи и дека никој не смее да биде над законот. Ги повика надлежните инстутуции да се познаимаваат со лицата кои се најдоа на американската „црна листа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*