Изгласани две автентични толкувања во врска со Законот за надворешни работи

Пратениците денеска ги изгласаа двете автентични толкувања од Законот за надворешни работи со кои се отвара можноста да бидат отповикани амбасадорите кои пред да бидат пратени во мисија, не се сослушани пред собраниската Комисија за надворешни работи.

Овие две автентични толкувања се однесуваат на два члена од Законот за надворешни работи, кои пред да бидат изгласани на денешната пленарна седница, на 2 декември се усвоени на Законодавно-правната комисија. Едното автентично толкување се однесува на тое дека „сослушувањето“ на амбасадорите во Собранието е задолжително, а не протоколарно. Другото се однесува на постапката за отповикување на амбасадорите, според кое таква иницијатива може да покрене и Владата, на барање на министерот за надворешни работи.

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски смета дека со автентичното толкување на член 45 став 4 од Законот за надвореешни работи се сака на „мала врата“ да се создаде услов за разрешување на амбасадори.

Предлагач на двете автентични толкувања е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кој денеска рече дека со овие толкувања не се бара ништо плус, туку се допрцизираат челнови и ставови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*