Европскиот фронт предводен од ДУИ поднесе предлог-законски измени кои, доколку бидат усвоени, ќе значат дека секој пратеник автоматски ќе добие безбедносен сертификат за сите степени, вклучително и државна тајна, откако ќе биде избран.
„Ние сме избрани од граѓаните. Можеме да го промениме Уставот и границите, но не можеме да добиеме безбедносни сертификати од тие што ќе ги избереме“, вели за Телма еден од потписниците на текстот, пратеникот Скендер Реџепи Зејд.
Тој се надева дека предлог-измените ќе бидат усвоени.