Состојба на патиштата 23.12.2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Од 14.15ч поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково,сообраќајот е во пракин.

Од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 12.15ч поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 12.15ч поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 12.15ч поради врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 13.20ч поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 14.00ч поради врнежи од снег на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*