Финансиската полиција ги истражува тендерите на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Финансиската полиција влезе во Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија и ја чешла работата на претходното раководство.

Се проверуваат тендери во изминатите седум години. Во тој период директор на клиниката беше Неџати Јакупи, кој е член на ДУИ и е поранешен пратеник и министер за животна средина од сега опозициската партија од албанскиот блок, објави Телма.

„Во управата е оформен предмет по поднесена пријава за неправилности во ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, согласно надлежностите. Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција се извршени проверки од каде е обезбедена целокупната документација во копија, верна на оригинал во однос на спроведени повеќе постапки за јавни набавки, како и друга документација во врска со реализација на склучени договори и истата во моментов е предмет на анализа.

Дополнително, при извршените проверки, е обезбеден и извештај од извршен попис со цел расветлување на случајот и утврдување на фактичката состојба, а на вработени службени лица во клиниката им се дадени насоки за докомплетирање на документацијата“, велат од финансиската полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*