Мицкоски присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски во среда попладне допатува во Брисел, Белгија, каде што ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Премиерот Мицкоски во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, кој истакна дека ЕУ е посветена на приближување на партнерите од Западен Балкан до ЕУ веќе во текот на процесот на проширување.

„Процесот на проширување е и треба да се заснова на заслуги. Билатерализацијата не е праведна алатка и треба да ја избегнуваме кога станува збор за проширувањето. Јас лично сум посветен на напорите за надминување на билатералните прашања, бидејќи проширувањето треба да го гледаме како многу важна геополитичка инвестиција, не само за Западен Балкан, туку и за заедничките интереси на сите 27 членки на ЕУ.

Затоа треба да дадеме се од себе за да го забрзаме процесот на проширување, бидејќи Западен Балкан припаѓа во ЕУ“, рече Коста, додавајќи дека на Самитот е усвоена и Декларација со која се потврдуваат перспективите за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Премиерот Мицкоски во Брисел имаше билатерална средба и со новата висока претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на која се разговараше за нејзините можности за деблокирање на процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*