Правните експерти уверуваат дека Груби како претседавач на владина седница не може да одговара за колективна одлука

Поранешниот вицепремиер Артан Груби е осомничен за „Проневера во службата“ затоа што претседавал со владина седница во моментот кога Владата ја задолжила Државната лотарија да набави ВЛТ терминали за да почне самостојно да организира електронски игри на среќа.

Во Обвинителството прашавме дали Груби може да одговара за колективна одлука на Владата.

“Јавното обвинителство отвори истрага за осомничениот врз основа на обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека е сторено кривично дело”, одговорија во обвинителството.

“Правни експерти со кои разговаравме се децидни дека претседавачот со седницата не може да биде повикан на одговорност за колективна одлука. Во таков случај треба да одговара целата влада, или барем тие што гласале за одлуката. Но, тука доаѓа уште една спорна ситуација. Членовите на Владата не може кривично да одговараат за донесените одлуки, туку само политички, односно може да им се поднесе интерпелација. Со оглед на тоа што владата е сменета, веќе ни тоа не е опција. Дополнително, одлуките што ги донела Владата се во сила од моментот на донесување. Ако некој смета дека одлуките се незаконски, може да поведе постапка пред Уставниот или пред Управниот суд”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*