Издадени мерки притвор во случајот Беланоца-Барон

Кривичниот суд им определи мерка притвор на сите опфатени со истрагата за бандата Барон/Беланоца кои беа уапсени во операцијата на јавното обвинителство и МВР во текот на вчерашниот и завчерашниот ден.

На 4-цата кои се спроведени во судот им е определена мерка притвор од 30 дена, мерка притвор по пронаоѓање е определена за 5-мина кои се во бегство, додека двајца во моментот на акцијата веќе биле во притвор. Мерка на обезбедување е барана и за Фатљум Ајети Тоте, водач на бандата кој во моментот издржува затворска казна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*