Лотарија: Груби и Бајрами меѓу осомничените, поднесена пријава и против екс премиерот

Обвинителството отвори истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби и против поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами за проневери во службата. Биле извршени претреси во нивните домови. Истрага е отворена против уште четири лица, кои биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици.

Полициски екипи денеска извршиле претреси на девет локации во скопско и во кумановско поради сомнеж за сторен криминал во Државната лотарија. При извршените претреси се пронајдена околу 40 илјади евра. Според неофицијалните информации, и Груби и Бајрами се во Косово.

Кривичните пријави биле поднесени од Финансиската полиција и од МВР. Кривична пријава во случајов била поднесена и против поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

„Е поднесена до ОЈО Скопје против 8 физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен генерален секретар. Останатите се државни службеници коишто работат во едно од правните лица. Во оваа фаза, постои основано сомнение дека истите сториле повеќе кривични дела, коишто на крајот имаат доведено до поголема штета на буџетот на македонските граѓани“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Груби синоќа на Фејсбук напиша дека не е во бегство туку во приватна посета во странство за што е известено и неговото полициско обезбедување.

„Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби. Перпарим Бајрами не одговори на нашите пораки. Груби се сомничи за нелегално издавање на лиценци за интернет коцкање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*