“Нема да правиме естрада од случаите во кој е утврден криминал”, вели премиерот Христијан Мицкоски. Обелодени дека 10-тици случаи се работат во моментов, потенцирајќи дека земјата мора да се развива во вистински правец.
Во саботатата, ДУИ ја повика Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.
“Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација. Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок. Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество”, изјавија од ДУИ.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Гостивар побара одржување на предвремени избори, Владата направила блокадата на процесот на европска интеграција и напад врз Охридскиот мировен договор, кој предизвикал тензии во меѓуетничките односи.
Мицкоски со одговор дека светот ја видел стратегијата на ДУИ која криминално владеела. Отфрла можност за предвремени парламентарни избори, а тест се локалните избори.
“Ако на локалните избори граѓаните ни ја дадат довербата нам, тогаш опозицијата подобро да се сврти кон себе и сопственото партиско реформирање”, изјави Мицкоски.