Сител: Претставник на Венецијанската комисија ќе биде поканет на подготвителната седница на Уставниот суд

Претставник од Венецијанската комисија ќе биде поканат на подготвителната седница што вчера ја најавија од Уставниот суд за законот за јазици, дознава Сител.

Тој ќе треба да го обралозжи конечното мислење на независното меѓународно експертско тело што треба да го донесе некаде во средината на март по однос на забелешките што веќе ги даде за двојазичните униформи и двојазичните пари.

Освен претставникот на Венецијанска комисија, на подготвителната седница која ќе се одржи кон крајот на март, се планира да присуствуваат и домашни екшерти по уставно право, коментираат извори од Судот. На оваа седница на Уставниот суд, согласно процедурите ќе бидат поканети и поднесетителите на 13 инцијативи за проверка на уставноста на законот за јазици.

Сета оваа динамика ќе треба да се потврди и на работен состанок на Судот што ќе се одржи последната недела од декември, а насоки веќе му биле дадени и на судијата изцестител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*