Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова смета дека одлуката на обвинителството да покрене постапка за Груби и Беџети требало да биде пракса и претходно, но да и во иднина.
Воздражана е во однос на евентуално носење на закон за рестриктивни мерки, со кои би се вовеле домашни санкции за лицата од црната листа на САД, бидејќи, како што вели, државата и судството имаат доволно и механизми и без него.
“Ние имаме инструменти за постапување по допрен глас. Еве се израдував, јас реков дека тоа е американската црна листа е силен допрен глас, бидејќи во образложението не се вели дека е тоа политички чин само, туку се работи за криминални дејства”, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.