Судијата на Апелациониот суд Скопје, Аритон Ала и судијката на Апелациониот суд во Штип, Данка Ристова официјално се нови членови на Судскиот совет.
Од СДСМ велат дека тоа што Ристова е во брак со градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов, значело дека наместо реформи, имало „брутална партизација“ на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа се партиски инсталации во судството, што беше случај за време на режимот. Тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ се прави и сега. Ова е чист обид да се постави контролирано, партиско судство кое нема да им служи на граѓаните, туку на интересите на [ВМРО-ДПМНЕ]“, рече портпаролката Богданка Кузеска.
Од друга страна, владејачката партија е децидна дека Ристова не е „партиски послушник“ како, како што додаваат, СДСМ и ДУИ.