30-дневен притвор и мерки на претпазливост против дваесет и еден сторители во случај адитив

За девет од уапсените лица во акцијата „Адитив“ обвинителството ќе бара 30 дневен притвор, а за останатите 13 мерки на претпазливост, информираа од обвинителството на денешниот брифинг со медиумите.

Меѓу оние за кои ќе се бара притвор е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој утринава со лисици од полициско комбе беше спроведен во Кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце.

При вчерашните апсења извршени се 77 претреси, во кои се пронајдени 208.000 евра во различни валути, а одземени се мобилни телефони, документација, компјутери и лаптопи, и автомобил БМВ од понов датмут. Исто така дадени се пет предлози за замрзнување на имоти, велат од обвинителството.

Министерот Тошковски вели дека сето она што е одземено во постапката или допрва ќе се одзема, ќе биде вратено во буџетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*