Американската амбасадорка Агелер вели дека е во секојдневна комуникација со властите како дел од нејзината работа.
Немаат разговарано со премиерот конкретно за дестабилизација на земјава. Сака да верува дека ниту една партија не би го сторила тоа.
„Тоа не е во ничиј интерес, најмалку на граѓаните на оваа земја. Улогата на лидерите на владината коалиција и на опозицијата е да одржат стабилна, сигурна и просперитетна Македонија. Тоа го сакаат луѓето“, нагласи амбасадорката Агелер.