Седница на Централното претседателство на ДУИ, Ахмети им се придружи на луѓето надвор од судот

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети заедно со виоски претставници на коалицијата „Европски фронт“ попладнево ќе им се придружат на членовите и поддржувачите на ДУИ кои од вчера ја спроведуваат т.н. иницијатива „Стража за јазикот“, а во пресрет на седницата на Уставниот суд закажана за во среда, накоја ќе се расправата за Законот за употреба на јазиците.

Ова меѓу другото било одлучено на денешната седница на Централното претседателство на ДУИ, што се одржа во седиштето на партијата во Мала Речица, информираше по нејзиното завршување потпретседателот на ДУИ и нејзин портпарол, Арбер Адеми.

Претходно на истата локација, како што информираше тој, се одржал и вонреден координативен состанок на лидерите на партиите од коалицијата „Европски фронт“ со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Како прво ние се соочуваме со вонредни околности, вонредни ситуации и секако една од точките која беше разгледана е дека највисоките претставници на „Европскиот фронт“, вклучивајќи го и претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска ќе учествуваат покрај шаторите кои што се поставени кај Уставниот суд“, рече Адеми.

Исто така, додаде, тој ДУИ и коалицијта предводена од нив ќе продолжат, на мирен начин со, како што кажа, нивната битка на оваа „Стража на разумот“, а против одлуката која „за жал се најавува од самите политичари за укинување на службената употреба на албанскиот јазик“.

“Како што знаете има 13 иницијативи. Една од најволуменозните е самата иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ги разгледаме внимателно сите инциијативи тие предвидени на два основи. Со првиот основ се бара целосно поништување на албаскиот јазик, на Законот за употреба на албанскиот јазик, а втората основа според иницијативите и тоа што е доставено пред Уставниот суд се бара повеќе од десет членови да се избришат и да се укинат”, рече Адеми по состанокот на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица.

Во однос на „Стражата за јазикот“, тој кажа дека според него станува збор за повеќе од партиска и од етничка иницијатива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*