Со ставањето на Артан Груби на црна листа на САД, заедно со судијата Енвер Беџети, се докажа партизирањето на државата од страна на ДУИ.
Енвер Беџети судијата кој го држеше случајот за Мијалков во фиока, ја докажува партизираноста на судството. Судиите подржани од Артан Груби и ДУИ, полека завршуваат на црната листа на САД, заедно со членови од ДУИ.
“Али Ахмети како е? Уште ли ќе се прави загрижен патриот за Албанците или ќе погледне во лице на вистината дека ДУИ е високо криминализирана. После Мерко, сега и Груби, ДУИ има двајца актуелни функционери на црна листа на САД. Ќе го постави ли некој прашањето во ДУИ до кога вака? Или уште ќе им биде како до сега”, се наведува во партиската реакција.