Премиерот повторно вели дека не гледа причина за лидерска средба поради инцидентите со знамето

“Не гледам причина да се направи лидерска средба за настаните од пред една седмица кога МВР добро си ја заврши работата. Прашањето не го затворам, но продуктивно би било да се разговара за идните чекори на државата и како опозицијата би помогнала”, вели премиерот Мицкоски, одговарајќи на СДСМ, која инсистира на лидерска средба со сите парламентарни партии.

Мицкоски дециден кој е субјектот кој генерира кризи во државата.

„Имаме екстреми во општеството кои се стремат да ја вовлечат државата назад во политичкото мочуриште. Драго ми е што дел од политичките партии и покрај тоа што се во опозиција се свесни за ова и дека нема заеднички да дозволиме овие екстреми да нè вовлечат во тоа политичко мочуриште. Мислам дека граѓаните полека ги изолираат сите оние коишто се за несигурност, нестабилност, конфликти. Мора да бидат отфрлени и изолирани. Во таа улога е денеска ДУИ, којашто некогаш се претставуваше за прозелена партија, а денеска гледаме дека е главен генератор на нестабилност, несигурност и конфликти и се обидува да генерира конфликти во Македонија“, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*