Дајбл на УСАИД, Нупнау на ЕУ и швајцарскиот амбасадор учествуваат во ознаката на IACD

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија, известува МИА.

Директорката на УСАИД во Македонија, Џери Дајбл во своето обраќање денеска на настанот во Собранието подвлече дека граѓаните бараат отчетност и дека корупцијата мора да се искорени за да се оствари напредок.

„Сѐ додека корупцијата се смета за најефективен начин за водење бизнис во оваа земја, интересите на граѓаните ќе бидат во втор план. Независните медиуми се тие што треба да бараат отчет од институциите и да го зајакнат граѓанскиот глас“, нагласи Дајбл.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман посочи дека во Македонија во текот на годините е постигнат одреден напредок, меѓутоа остануваат значителни чекори кои треба да се воведат. Таа вели дека корупцијата останува врвен проблем за граѓаните како и главна пречка за пристапот до квалитетни и јавни услуги, евроинтеграцијата и општ развој на државата.

На одбележувањето, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Наупнау порача дека унапредувањето на владеење на правото е клучно за развојот и просперитетот на Северна Македонија.

“Корупцијата и понатаму е предизвик во Северна Македонија и длабоко влијае на економијата. Неколку влади повторно ја искажаа својата посветеност кон борбата против корупцијата, меѓутоа, многу малку, ако не и ништо не се менува”, рече Наупнау во своето обраќање денеска во Собранието, повикувајќи на конкретни чекори за промена.

Обраќање имаше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој подвлече дека корупцијата останува голем предизвик за секое општество и држава. Тој потенцираше дека борбата против неа мора да биде заедничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*