Првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ

Првата седница на новиот состав на Извршниот одбор посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми.

На состанокот беше заклучено дека СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години. Таквиот чекор претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд.

Втората точка на дневен ред за која се расправаше во СДСМ беше, како што велат, загрижувачките тенденциите за влошување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и растечките тензии во општеството со загрозување на меѓуетничките односи.

Оценка на Извршниот одбор е дека неприфаќањето на лидерската средба од страна на власта испраќа лош сигнал и ја потврдува тезата дека очигледно партии на власт и ДУИ немаат интерес од стабилизација, што е многу опасно за државата.

Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации.

„Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа. Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби“, велат од СДСМ. На состанокот стана збор и за внатрепартиските активности.

Веќе е направен оперативен план и новото раководство на СДСМ од утре започнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*