Надзорни активности по налог на Коцевски извршени над Канцеларијата на Абази

Десетте јавни обвинители во државното обвинителство денеска влегоа во контрола на работата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со кое веќе две години раководи Ислам Абази.

Овој надзор доаѓа една недела откако Абази даваше отчет за тоа што сработиле во 2023 година пред членовите на Советот на јавните обвинители, каде беа презентирани статистички податоци и не спомена ниту еден предмет кој го работеле за функционери, ниту пак некои други лица, единствено ги кажуваше делата за кои најмногу постапувале, а меѓу нив главни се споменуваа трговијата со дрога и криумчарење мигранти.

Но, и по овој настан Абази, кој ретко се појавува во јавноста, повторно одбегна да даде одговор на новинарските прашања меѓу кои и тие до каде се постапувањата за предметот „Бехтел и Енка“, тој за „Соравија“ поврзан со внукот на Али Ахмети, како и други случаи засеганати од измените на Kривичниот законик.

Абази единствено рече дека одговори ќе дадел на највениот брифинг со сите обвинители што го организира републичкиот обвинител Коцевски, следната среда. Што ќе произлезе од надзорот кој е по наредба на Коцевски засега не се знае, но како што велат од обвинителството истиот се спроведува по контролата која беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*