ОНА не може да се избрише како историја, вели Лимани во одговорот на Јаневска

ОНА не може да се избрише како историја, а ние нејзините основачи и да сакаме да ја избришеме, нема да го постигнеме тоа, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани во одговор на новинарско прашање за ијавата на министерката Весна Јаневска за споредбите на комитите и УЧК кои ги даде по настаните со прославата на албанското знаме во образовни установи.

“Мојот татко е загинат како бранител. Историјата не може да се избрише. Министерката требаше да биде малку повоздржана во овој правец. Таа самата во вториот дел на изјавата спомена дека сите мајки од двете страни, беа изгорени од војната во 2001 година. Сепак тоа го оставам на нејзиното ниво”, рече Лимани.

На прашањето дали ќе се побара одговорност од министерката на владина седница, Лимани рече дека таа за својата работа одговара пред премиерот, но како што кажа, ако тоа го кажел првиот човек на Владата, ќе побарал одговорност.

За конкретниот случај во Аеродром таа потсети дека воспитувачката од градинката што ја организираше приредбата беше отпуштена од работа и во моментот е во судска постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*