Премиерот Христијан Мицкоски во вторник во Брисел се сретна со новата комесарка за проширување Марта Кос.
„Разговаравме за стратешкиот интерес на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и за подготвеноста на земјата да успее на патот кон ЕУ. Подготвени сме да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во корист на нашата земја и во интерес на сите граѓани“, рече тој на социјалните мрежи.
Премиерот во Брисел се сретна и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта. По двете средби, Мицкоски рече дека Владата останува фокусирана на реформите за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните.
„Секако, полноправното членство на нашата Македонија во ЕУ останува наша главна цел“, истакна премиерот.
Двете средби поминаа во исклучително пријателска, срдечна и конструктивна атмосфера, оцени тој.
„Разговаравме за сето она што досега го поминавме како предизвик во минатото, за сè што требаше да се откажеме и го направивме тоа во име на европските вредности. Сепак, во исто време, ги потврдивме нашите ставови дека не прифаќаме ултиматуми, дека сме подготвени да разговараме колку што е потребно за да најдеме начин да го отвориме првиот кластер, брзо да поминеме низ тој процес на преговори и да станеме членка на ЕУ“, истакна Мицкоски.
Исто така, во Брисел, истиот ден, министерот за надворешни работи Муцунски се сретна со словенечката европратеничка Тања Фајон, која рече дека нејзината земја ќе се обиде да и помогне на Северна Македонија да ги исполни своите обврски за исполнување на условите за членство во ЕУ.