Судскиот совет на денешната вонредна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата, поради отсуството на двајца членови Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски.
Останатите едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав и на изборот да се навратат на следната седница. И додека од оставката на Дамева се изненадија нејзините колеги, од Владата истата ја поздравија.
„По огромните забелешки за работата на претседателката на судскиот совет Дамева единствената можна и исправна одлука е нејзината оставка. Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, соопштија од Владата.