Прашање Дамева: ВЛЕН оценува дека ДУИ нема легитимитет да зборува за судството

ВЛЕН одговори на реакцијата на ДУИ за оставката на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет, оценувајќи дека „партискиот клан што уништи сè“ нема легитимитет да зборува за политичка етика и притисоци.

“Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа „утеха“ во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат „непристрасна правда. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ”, изјавија од ВЛЕН.

ВЛЕН ги критикуваше ДУИ и за, како што соопшти, средбата во вилата Водно со тогашниот претседател Стево Пендаровски, кога партијата на Ахмети побара „на бел коњ“ да се врати „нивниот шеф“, поранешниот премиер Никола Груевски. Во таа насока, се нагласува дека ДУИ извршила притисок и врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

“Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми”, стои во соопштението на ВЛЕН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*