“Секој еден кој што сторил дејствие спротивно на закон, ќе одговара. Ја видов снимката. МВР ќе си ги преземе сите потребни дејствија во однос на предметното лице заради тоа што тоа лице е полициски службеник и во моментот на снимањето, вршел службени работни задачи. Информиран сум и дека за предметните дејствија е изготвена службена белешка од службеното лице кое е качено на возилото, но и од уште едно службено лице. Едното е од македонска, а другото од албанска националност”, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за видеото кое кружеше на социјалните мрежи од полициски службеник кој симнува албанско знаме од бандера.
Како што може да се види на видеото, полицаецот го користи полициското комбе за да се качи повисоко и да го дофати знамето. Дел од граѓаните на социјалните мрежи го поздравија ваквиот потег.