Насилно отстранет знакот на фасадата на српскиот конзулат на денот на албанското знаме, насилникот уапсен

Амбасадата на Република Србија во Република Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, 28 ноември 2024 година, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово на чело со почесниот конзул, во доцнитe вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

Притоа, Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врскасо вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особеноимајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Република Македонија.

Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Република Северна Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери.

Амбасадата на Република Србија останува посветена на негување пријателски односи со Република Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин, стои во соопштението од Српската амбасада во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*