Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.